Пораст на трошоците на живот во август

Од:

Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, порастот на индексот на трошоците на живот во август во однос на јули годинава е резултат на повисоките индекси на производите од жито за 2 отсто, преработките од млеко за 1,4 проценти, свежото и киселото млеко за 0,9 отсто, јајцата за 0,8 отсто, преработките од риба и мастите за 0,5 отсто, преработките од зеленчук и алкохолните пијалаци за 0,4 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 19,5 отсто, нафтените деривати за 2,6 отсто, течните горива и гасот за домаќинствата за 1,4 отсто, средствата за хигиена за 0,5 отсто, облеката и мебелот за 0,2 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот во август 2013 година, во споредба со претходниот месец има кај овошјето за 2,1 осто и зеленчукот за 0,8 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за домаќинствата за 2,9 отсто, обувките за 0,8 отсто и електричните апарати за домаќинстата за 0,2 отсто.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Десетина милиони евра се извлечени од џебовите на народот од страна на големите трговци

Стапката на невработеност 12.3 отсто

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Горан Наумовски

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски