Пораст на цените на мало и трошоците на живот

Од:

Цените на мало во јуни годинава во однос на претходниот месец бележат раст од 0,4 отсто, а трошоците на живот за 0,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците на животот е резултат на повисоките индекси на овошјето за 13,5 отсто, преработките од млеко за 0,5 отсто, месото и рибата за 0,3 отсто, свежото и киселото млеко и алкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Во јуни, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките аранжмани за 9 проценти, авионскиот превоз на патници за 1,7 отсто, комуникациските услуги за 1,6 отсто, нафтените деривати за 1,2 осто, течните горива и гасот за домаќинствата за 1 отсто, обувките за 0,4 отсто и храната и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот во јуни 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај јајцата за 2,5 проценти, зеленчукот и мастите за 0,8, другите прехранбени производи за 0,6 и преработките од месо за 0,4 отсто. Намалување индексите на трошоците на животот е забележано и кај услугите за сместување за 9,8 отсто и средствата за хигиена за 0,5 отсто.

Цените на мало во јуни годинава, во споредба со јуни лани бележат пораст од 2,3 отсто, а трошоците на животот бележи од 4,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана