Поранешниот шеф на „Фолксваген“ ќе му плати 10 милиони долари отштета на концернот

Од:

Поранешниот шеф на германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн, ќе треба да плати отштета од околу 10 милиони евра за штетата предизвикана на компанијата во врска со „дизел скандалот“, јави електронското издание „Бизнис инсајдер“.

Според весникот, „Фолксваген“ претходно поднел барања за обештетување од поранешните членови на Управниот одбор поради „дизел скандалот“. Меѓу нив се поранешниот шеф на компанијата, Мартин Винтеркорн, и поранешниот прв менаџер на „Ауди“, Руперт Штадлер. Таквата одлука била донесена врз основа на податоците од финансиската ревизија на активностите на менаџерите. Против Винтеркорн и Штадлер беа поднесени побарувања за отштета во врска со кршење на нивните обврски за заштита на интересите на концернот, во согласност со законот за акционерски друштва.

Истовремено, како што истакнува „Бизнис инсајдер“, реалните плаќања што повеќето менаџери ги договориле со компанијата се само симболични во поглед на сериозните последици од скандалот. Според нацрт-документите, секој од поранешните членови на Управниот одбор мора на „Фолксваген“ да му префрли по најмалку милион евра. Винтеркорн, од своја страна, ќе плати отштета од околу 10 милиони евра, забележува весникот.

Договорот за компензација се очекува да биде потпишан неделава. Појаснето е дека ова е дел од поголема зделка со швајцарската осигурителна компанија „Цирих“.

Обвинителството во Брауншвајг го гони 73-годишниот менаџер и уште други четири лица за измама и кршење на законот за нелојална конкуренција. Според истрагата, Винтеркорн знаел дека во 2014 година концернот го ажурирал софтверот на автомобилите, што не го решава проблемот со емисијата на штетни гасови. Тоа било „потребно за да се скрие вистинската причина за преценетите емисии на штетни гасови на дизел автомобилите“, изјавија обвинителите.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска