Поради недостиг од чипови „Џенерал Моторс“ затвора привремено осум од 15 фабрики

Од:

„Џенерал Моторс“ привремено ќе затвори осум од 15 северноамерикански фабрики за седмица, почнувајќи од понеделник, поради влошениот глобален недостаток на микрочипови.

Пандемијата со коронавирусот и други катастрофи ги нарушија синџирите на снабдување со полупроводници, што се клучни за илјадници компјутерски контролирани системи во новите возила.

Недостатигот принуди GM да ги премести чиповите што ги има во мал број фабрики што произведуваат најпопуларни и најпрофитабилни возила на компанијата, како што се џиповите (SUV) и пикапите, јави Си -Ен -Ен.

Недостигот на чипови предизвика повисоки цени што ја поттикнуваат инфлацијата, јави Аксиос.

Сепак, се чини дека на повидок е олеснување за производителите на автомобили и другите производители што бараат полупроводници, бидејќи производителите на чипови го зголемуваат производството за да ја задоволат побарувачката.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on