Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај годинава е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на април минатата година и изнесува 19,5, а во однос на мај минатата година е зголемен за три процентни поени, оценуваат раководителите на фирмите од преработувачката индустрија.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај во однос на април годинава, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на април годинава.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај годинава е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на мај минатата година. Се очекува бројот на вработените да порасне.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај годинава изнесува 67,4 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 23 проценти, недоволната домашна побарувачка со 18,7 проценти, недоволната странска побарувачка со 18,4 проценти и финансиските проблеми со 10,1 процент.