Поплаки дека казните за маркетите се големи, Бектеши одговара: Му ја исполнивме желбата на Азески да важи законот

Од:

Во скопскиот регион се затворени објекти на ланците супермаркети „Веро“ и на „Вива Фреш„ а казните не се драконски како што сметаат стопанските комори, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

– Не верувам дека не се објавени ланците на супермаркети кои го прекршиле законот. Им дадовме одреден рок да се усогласат мерките. Во скопскиот регион се „Веро“ и „Вива Фреш“. Осум до десет ланци супермаркети имаат маркети во секој град. И вие медиумите треба да ги објавите маркетите кои го прекршиле ова, но сигурно ургираат кај вас затоа што се рекламираат. Јас немам проблем да ги кажам. Граѓаните да бидат спокојни, овие мерки ќе бидат спроведени во целост – рече Бектеши.

За висината на казните на маркетите се пожалија првите луѓе од Стопанска комара. За нив тие се драконски и обвинија дека Владата не им дала време да се подготват.

Извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев, коментирајќи го завчерашното затворање на повеќето ланци маркети во Струга и Скопје, рече дека затворањето никому не носи бенефит, особено не сега, кога се намалени цените. Тој очекува уште денеска да се реши проблемот и маркетите повторно да почнат со работа.

-Учествував на двата состанока во Министерството, и со големите ланци на супермаркети и со дистрибутерите. Искажана беше подготвеност да се поддржи иницијативата за намалување за десет отсто на таа класа производи која беше важна за Министерството. Веројатно постојат некои пропусти, но во директна комуникација со министерот, а се надевам и денеска ќе имаме директни комуникации по координативниот состанок со ланците супермаркети, ќе се обидеме проблемот да го сведеме на некакво логично време кое ќе им се даде на маркетите да се прилагодат на мерката. Мислам дека никој тоа не го направил намерно и не треба да се злоупотреби. Иако се зборува за 75 класи артикли, цената требаше да им се смени на 1 200.

Мерката е драконска, непотребна и предизвикува штети, а дека Министерството има можност да ги затвора објектите, веројатно има. Тоа треба да биде последната мерка кон која Министерството треба да прибегне, рече Пешев, одговорајќи на новинарски прашања.

Бектеши има спротивен став од оној на Пешев:
– Имаа рок од десетина дена да ги направат измените. Имав состаноци со нив. Јас имам одлична соработка со Стопанската комора, го слушав претседателот Бранко Азески кој порача да постапуваат инспекторатите на терен. Го почитуваме тоа како порака и еве ние му ја исполнивме желбата, ќе се почитуваат законските одредби за казнување и затворање на одредени компании кои работеле спротивно на законските одредби – додаде министерот за економија.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, истакна дека предвидено е казната да трае пет дена за маркетите кои беа затворени поради тоа што не ги намалиле цените.

Затворени се пет трговски објекти кои припаѓаат на компании сопственици на ланец маркети, а при тоа не ја почитувале Одлуката на Владата да ги намалат цените на 25 производи за 10 отсто во однос на ценовниците од 1 август.

„Сакам да им заблагодарам на граѓаните кои пријавуваат во инспекторатот, со што ни ја олеснуваат работатат во голема мера. Од 50 контроли, во саботата затворени се пет маркети. Петдневно затворање е доволно за овие компании“, порача Трајковски.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов

Дел од маркетите ги зголемиле цените, Пазарен инспекторат ќе проверува дали купувачите се доведени во заблуда

Орце Костов

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики