Пониски сметки до 40 проценти со либерализација на енергетскиот пазар

Од:

Следната фаза од процесот на либерализација во Македонија, кој ги опфаќа малите компании, ќе донесе пониски цени на сметките за потрошена електрична енергија до 40 проценти, сметаат од ЕДС.

Сопственикот на компанијата Кочо Анѓушев вели дека најголема заштеда од 40 проценти ќе има кај оние приклучени на втор тарифен степен, а оти просечно намалувањето на сметките ќе биде од 25 до 30 проценти.

Во оваа фаза од либерализацијата, која треба да почне од 1 септември, ќе бидат опфатени меѓу 15 и 20 илјади компании.

Анѓушев вели дека тие се интересни бидејќи трошат 2000 гигават часови електрична енергија што е 20 проценти од пазарот.

Договори треба да потпишат до 15 септември, но Анѓушев посочува дека најверојатно ќе биде продолжен рокот и договорите ќе треба да ги потпишат до 15 ноември.

Од април годинава на слободен пазар излегоа средните компании. Анѓушев истакнува дека досега не се појавиле никакви проблеми. Преку ЕДС се снабдуваат 70 компании од вкупно 200 кои побаруваат 320 мегавати електрична енергија.

– Бенефит има за компаниите, а тоа го покажуват и сметките кои веќе ги добија и кај сите покажуваат намалување. Кај Брако за 27 проценти, Гранит 35 проценти, кај банките над 40 проценти, вели Анѓушев.

Според него, тоа е резултат на тоа што има најголема балансна група и може да даде најдобра цена по најдобри услови.

– Кога станува збор за искуство за продажба на струја зад нас стои 15 години искуство. Единствени сме со развиена мрежа за снабдување со електрична енергија, лиценцирани  брокери на берза за струја. Како компанија котираме на меѓународната берза за набавка на струја, потенцира Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори