Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски за 2,1 отсто на месечно ниво, а за 2,8 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во декември 2014, во споредба со ноември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 0,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 2,4 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1 отсто.

Во декември 2014, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 11,1 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,2 отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 4,6 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи бележат пад и на странски пазари. Во декември минатата година се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а за 1,7 отсто на годишно  ниво, објави Државниот завод за статистика.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата