Пониски продажните цени на индустриските производители

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март годинава се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво, односно за 4,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во март 2015, во споредба со февруари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 0,6 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто, додека во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка се непроменети.

Во март 2015, во споредба со март 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,3 отсто и Капитални производи за 0,5 отсто, додека во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка се непроменети.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата