Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во јули годинава се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво, а за 7,1 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јуни 2016 година, продажните цени се пониски за 6,8 отсто во секторот Рударство и вадење на камен, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,4 проценти.
Во однос на јули 2015 година, продажните цени се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 12,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 6,5 проценти.
Продажните цени, пак, на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0,7 отсто на месечно ниво, а за 3,2 отсто на годишно ниво.
Во споредба со јуни годинава, продажните цени се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4,3 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4 отсто.
Во однос на јули минатата година, продажните цени се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 3,4, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1,7 отсто.