Пониски цените на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Од:

Во октомври годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,1 процент на месечно ниво и за 0,2 процента на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во октомври во споредба со септември годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите „интермедијарни производи освен енергија“ за 0,2 процента, „енергија“ за 0,1 процент, „капитални производи“ за 0,1 процент и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,1 процент, додека во групата „трајни производи за широка потрошувачка“ се останати на исто ниво.

Статистиката во октомври во однос на септември регистрирала пониски цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во групите „интермедијарни производи освен енергија“ за 3,3 проценти и во групата „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,1 процент.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата