Полета новиот Ербас А350

Од:

Новиот европски патнички авион „Ербас А350“ вчера го имаше својот прв пробен лет.

Траеше 4 часа и беше успешен, посочија од компанијата која со новиот модел ја засилува борбата со конкуренцијата, главно со американскиот „Боинг“, кога станува збор за продажбата на нови лесни патнички авиони.

Од компанијата соопштија дека Ербас-от полета со шестчлен екипаж од аеродромот во Тулуз.

Новиот авион е дел од новата генерација лесни летала изработени од карбонски композитни материјали, дизајнирани за да штедат гориво со што дозволуваат дол пат.

„А350“ кој треба кон крајот на 2014-та да се најде во комерцијална употреба ќе има капацитет од 270 до 350 патници и долет до 15 илјади километри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД