Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 1,00 денари и еден литар ќе чини 70,00 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 0,50 денари и ќе се продава за 78,00 денари, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,517 денари поскапува Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,775 денари за килограм.