Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули годинава се пониски за еден процент на месечно ниво, а повисоки за 0,4 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во јули во споредба со јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 2,2 проценти и „енергија“ за 0,4 проценти, додека во групата „трајни производи за широка потрошувачка“ се останати на исто ниво.
Во јули годинава во однос на јули минатата година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите „капитални производи“ за два процента, „ нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,7 проценти, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 0,4 проценти и „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,4 проценти.