Подобрена состојбата во трговијата на мало во третиот квартал

Од:

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0.4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 0.9 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во однос на третиот квартал од 2016 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја.

Количеството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во третото тримесечје од 2017 година е понеповолна во однос на второто тримесечје. Оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените
е дека тие ќе се намалат.

Продажните цени во третото тримесечје од 2017 година се зголемиле во однос на второто, а се очекува нивно зголемување и во наредните три месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2017 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 22,6%, зголемената конкуренција на пазарот со 21,2%, нема ограничувања со 13,2% и зголемената понуда на пазарот со 12,6%.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун