Подобрена финансиската состојба на градежните фирми

Од:

Раководителите на фирмите од градежништвото ја оценуваат економската состојба во првото тримесечје од годинава како понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на истото тримесечје од минатата година.

Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е подобра во однос на претходното тримесечје, а подобра и во споредба со истото тримесечје од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2014 година, очекувањата за бројот на вработените во наредниот период се поволни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е на исто ниво како претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се подобрува и е над нормалата.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат факторите: немање побарувачка со 20,2 проценти, зголемените финансиски трошоци (камати) со 14,4 проценти, конкуренцијата во сопствениот сектор со 14,1 процент и зголемените трошоци за материјали со 12,3 процент.

Би можело да ве интересира

Стапката на невработеност 12.3 отсто

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески