Поднесени 475 барања за штети од измрзнувањата во Кочанско

Од:

Вкупно 475 барања за обесштетување од пролетните мразеви од кои најмногу за лозови и овошни насади, се поднесени во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

Рокот за поднесување барања истекува денеска.

– Добивме барања од земјоделци од општините Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево. Штетите се најголеми кај лозовите и овошните насади, од 80 до 100 проценти. Најголеми измрзнувања има кај лозовите и овошни насади во атарот на кочанските села Бели и Оризари каде штетите се 100 отсто, изјави раководителот на Подрачната единица Јордан Димитров.

Според Димитров, од утре комисии на Подрачната еидница ќе излезат на терен и ќе ја утврдат настаната штета.

Мразот ги оштети лозовите и овошните насади и во Виничко. Како што информира раководителот на Подрачната единица во Виница Зоран Соколов, најголеми штети има кај сортата вранец, 80 отсто, додека кај другите до 60 проценти. Најголеми штети се евидентирани во атарот на селото Виничка кршла.

Целосно се уништетни 18 хектари ореви и 15 хектари сливи, а 90 отсто се оштетени 70 хектари вишни и 123 хектари цреши.

Најотпорни биле насадите со бадеми каде оштетувањата се проценуваат на 60 отсто.

Би можело да ве интересира

„Да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата“ – порачаа родителите на загинатите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

Крстевски: Хаотична е состојбата во Кочани, ни треба помош од Владата и другите општини

Венко Крстевски е избран за в.д. градоначалник на Кочани

Горан Наумовски

ДУИ: Јавноста бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично

Низа лични дискредитации и навреди за предложените кандидати за в.д. градоначалник на Кочани

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски