Подготовка на инфраструктурата во зоните за повеќе инвеститори по здравствената криза

Од:

Кој ќе создаде поповолни услови по завршувањето на здравствената криза таму ќе одат и инвеститорите, порача денеска премиерот Оливер Спасовски при увидот на градежните активности на Технолошки индистриски развојната зона – 2 (ТИРЗ-2) која се протега на 97 хектари и е втора по големина во нашата држава.

-Како Влада сме определени да направиме се да ги завршиме условите во ТИРЗ зоните и на тој начин да се подготвиме за поголема економска активност. Овде веќе функционираат неколку фаврики. Со завршувањето на инфраструктурата во оваа зона продолжуваме се активности на ТИРЗ-3 каде ќе понудиме поволни услови за инвестирање, истакна Спасовски.

Порача дека сите проекти кои се однесуваат на инфраструктурата ќе продолжат со силно темпо и оти тоа се гледа на ТИРЗ 2 каде се работи на патната, водоводната инфраструктура…

-Идејата е подготвено да ги дочекаме инвеститорите во наредниот период по завршувањето на кризата, рече премиерот Спасовски и нагласи дека е многу значајно да се поддржат овие зони, имајќи ги предвид бројките каде оваа година извозот е околу 630 милиони денари или увозот со околу 556 милиони денари.

Вицепремиерката Мила Царовска информираше дека до последниот квартал годинава градежните работи ќе завршат како и тоа дека во текот на оваа здравствена криза беа обезбедени протоколи кои не дозволија производствените капацитети да престанат со работа, а со цел да имаат услови да ги обезбедат услугите и производството кое им е потребно.

Директотрот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски, рече дека во ТИРЗ -2 во моментов во изведба е патната инфраструктура од 2.5 километри, а информираше дека и на другите индустриски зони во државава, како што се во Прилеп, Штип, Струга Кичево… интезивно се работи на привршување на инраструктурните зафати.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница