Поддршка од Меркел за Самарас во реформите

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ја изрази својата поддршка за реформите преземени од грчкиот премиер Андонис Самарас и го поттикна да продолжи, се наведува во соопштението од германската Влада.

Меркел денеска попладне телефонски разговарала со Самарас. Таа ја поддржала јасната политика на реформите на грчката Влада.

– Грција веќе постигна чувствителен напредок и денес е во далеку подобра ситуација во многу работи во споредба од пред неколку месеци, истакнала Меркел.

Претходно денеска Самарас нагласи дека грчката Влада не планира да се откаже од одлуката за затворање на државната радио и телевизија ЕРТ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски