Поддршка од ЕК за реформите во јавните финансии

Од:

Постои силна политичка волја за подобрување на управувањето со јавните финансии, беше посочено од Европската комисија (ЕК) на денешниот настан за спроведување на Програмата за реформи во јавните финансии (ПФМ) што се одржа во Министерството за финансии, на кој присустуваше и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Од Европската комисија, информираат од Кабинетот на министерот за финансии, ја поздравија заложбата на Владата за унапредување на јавните финансии, особено преку усвојување на долгорочна стратегија за реформи и акциски план да се имплементира. На Советот беше истакнато и дека Европската комисија ќе продолжи да ги поддржува напорите на Владата за спроведување на реформите во јавните финансии.

– Согласно Програмата предвидено е во текот на годината да се направат крупни реформи во фискалниот сектор. Во рамки на тие реформи се воведувањето на среднорочно буџетирање, новиот закон за јавни набавки, даночни реформи, закон за јавна внатрешна финансиска контрола и континуирано унапредување на фискалната транспарентност, информираат од Кабинетот на министерот.

Посочуваат дека министерот за финасии Драган Тевдовски ја поздравил заложбата на институциите во изработка и спроведување на реформите, кои, како што истакнал, се работат со засилено темпо.

– Постои целосна политичка посветеност во остварувањето на реформските цели на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии 2018 – 2021 година, која беше усвоена во декември 2017 година. Надлежните институции во изминатиот период работеа и понатаму ќе работат со уште позасилено темпо на спроведување на планираните реформски активности според планираната динамика утврдена во Акцискиот план, рекол Тевдовски и се заблагодарил на поддршката на ЕУ во реформскиот процес.

Реформите во Програмата се структуирани во рамки на седум приоритети чија цел е подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавните трошења преку фискална дисциплина, одржливост на долгот и ефикасно, транспарентно и современо управување со јавните финансии, одржлив развој и благосостојба на граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска