Поддршка од 25 милиони евра за жени претпримачи од Западен Балкан

Од:

Финансии во износ од 25,1 милион евра и советодавни бизнис услуги ќе бидат на располагање преку Програмата за Западен Балкан за жени-менаџери на мали и средни претпријатија, на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Шведската мeѓународна развојна агенција (Сида) и Луксембург.

Програмата „Жени во бизнисот“ ќе се спроведува во наредните четири години,а е наменета за мали и средни претпријатија управувани од жени, кои имаат потреба од финансии и од совети, за да можат да го развиваат бизнисот. Финансирање, техничка помош за учество во финансиските институции и бизнис совети се предвидени за жени претприемачи во  Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.

– Првично, Банката ќе учествува со 20 милиони евра, наменети за креирање на кредитни линии за бизнисите управувани од жени, и преку локалните финансиски институции, сé со цел да промовира одржливо позајмување на МСП управувани од жени, зависно од конечно одобрување на Бордот на директори на ЕБОР, соопшти канцеларијата на Европската банка за обнова и развој.

За спроведување на програмата „Сида“ обезбеди 3,6 милиони евра, а од Луксембург 1,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија