Гласањето за Супербрендс во Македонија за 2013/2014 година официјално почнува од денеска. Како и во претходните години за супербренд ќе бидат прогласени брендовите кои ќе освојат најмногу гласови од стручното жири и потрошувачите.
Како што најавуваат од Супербренд Македонија, оваа година воведени се две новини, по прв пат ќе се гласа за општествено одговорна компанија, а се воведува и признанието Супербренд Адриатик, што оваа меѓународна компанија ќе го додели на брендовите кои ќе бидат изгласани во Македонија, но и во некоја од земјите на Адриатик регионот.
– Од денеска официјално најавуваме започнување на гласањето за новите Супербрендови но ги најавуваме и воведените промени. Покрај традиционалното гласање за супербренд, воведовме и категорија зелен супербренд, признание кое ќе го добијат компаниите кои најмногу се грижеле за животната средина. Покрај признанието зелен супербренд, новина е и прогласувањето на Супербренд Адриатик. Ова признание имаат можност да го добијат компаниите кои ќе бидат прогласени за Супербренд во Македонија но и во некоја од земјите на Адриатик регионот, вели Зоран Саздовски претставникот на Супербрендс за Македонија.
Минатата година со престижното признание „Супербрендс” се закитија 43 македонски брендови.
Првите активности на Супербрендс започуваат во Лондон 1994 година со радиска емисија на Би-Би-Си Лондон која имала за цел да им овозможи на потрошувачите увид во марките кои се достапни во нивниот секојдневен живот.
Супербрендс е присутен во 92 земји и соработува со повеќе од 20.000 светски признати брендови и компании.с