Почна редовен ископ на руда од „Злетово“, планирани 200.000 тони годишно

Од:

Започна редовното ископување олово-цинкова руда од рудникот „Злетово“ кај Пробиштип, откако беа завршени сите административно-технички процедури и подготвителни постапки за непречен старт со работа, соопшти денеска концесионерот на руднокот, бугарската компанија „Минстрој“.

Активно се врши експлоатација на руда од два ископа, а за краток временски период се најавува реактивирање на уште два, дополнителни.

Согласно согледаната фактичка состојба во активните ископи, како и очекуваните тенденции во напредните фази на експлоатација, компанијата соопштува дека има цел реализација на ископани 200.000 тони руда на годишно ниво.

Во изминатиот период „Булмак 2016“, компанијата што ја регистрираше концесионерот, извршила интензивни подготовки и активности за преземање на административно-техничките сегменти од работата на рудникот и флотациската фабрика, лоцирани во Пробиштип.

– Уредени се сите правно-формални процедури за добивање на дозволи и решенија од надлежните државни институции, потребни за почеток со непречена работа на рудникот. Набавени се потребната опрема и техника за чистење на јамата, како и делови за ремонтирањето на локомотивите и вагоните за транспорт на ископаната руда од јамата до флотационата фабрика. Од капитално значење е решениот проблем со одводнување на јамата – еден од клучните технички сегменти за непречена експлоатација на рудата од рудникот. Набавени и ставени во употреба се и нови утоварни машини за ископаната руда, се вели во соопштението.

По создавањето на услови за непречена комуникација во рударската јама, извршени се пробни ископи – фаза со која биле завршени сите подготвителни активности за рестартирање на рудникот.

Откако на 28 август годинава компанијата „Булмак 2016“ ја доби дозволата за експлоатација на руда, започна редовната работа за ископ на олово-цинкова руда од два ископи. Краткорочно, планирано е реактивирање и ископ на руда од уште два.

Би можело да ве интересира

Се исцртува ли визија за развојот на рударството во Македонија со формирањето на ново министерство

Горан Наумовски

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on

ССЕРИ: Бесправно ни се стопирани паричните текови од страна на АД ЕСМ

Ана Ололовска

Бектеши контра Асоцијацијата за рударство, најважно е здравјето и безбедноста на граѓаните

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шахпаска: Рударите добиваат бенифициран стаж

Ана Ололовска

Усвоени законските измени, рударите ќе се пензионираат со навршен пензиски стаж

Ана Ололовска