Почна постапката за објавување јавен оглас за откуп на 12.000 тони домашна пченица

Од:

Агенцијата за стоковни резерви ја почна постапката за објавување јавен оглас за откуп на 12.000 тони домашна пченица, соопшти Министерството за земјоделство.

На овој начин, според МЗШВ, ќе се мотивираат мелничарите да откупуваат домашна пченица која потоа ќе ја продадат на Агенцијата за стоковни резерви, а воедно ќе се влијае и на постигнување солидна откупна цена на домашното жито.

Прв пат ќе се пуштат и помали лотови на кои ќе можат да конкурираат и земјоделците.

МЗШВ деновове ќе излезе и со пресметките за производната цена на годишната пченица и мерките што ќе се преземаат.

– Досега се оддржаа повеќе состаноци со производителите на пченица и мленичарите за да се постигне договор од заеднички интерес, информира Министерството.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да им се помогне на земјоделците за пченицата, производната цена е двојно повисока од пазарната

Николовски: Во вторник Владата ќе расправа за постапката за набавка на пченица за стоковите резерви

МЗШВ: Владата ги прифати новите мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз

Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви, обвинуваат фармерите

A1on

Пченицата и пченката поскапеа по руското повлекување од Договорот за извоз преку Црното Море

Климатските промени ќе го намалат родот на пченицата