Почна неделата на виното „Свети Трифун 2013“ во Неготино

Од:

Во Неготино денеска почна неделата на виното „Свети Трифун 2013“ во чест на верскиот празник кој важи за заштитник на лозарите. Во просториите на локалната самоуправа беа примени гости од Италија, Словенија и Бугарија на кои им беше презентирана неготинската општина, но беа претставени и општините од овие земји кои се партнери на Неготино во заеднички европски проект.

– Всушност станува збор за јавна промоција на проектен инфо билтен „Креирање на мрежа за европско вино, традиција, култура и експертиза” од Програмата Европа за граѓаните 2007-2013 година, информираше Лолита Ристова, проектен менаџер, инаку раководител на Одделението за локален економски развој при општината.

На агендата за денешниот ден се и дегустацијата на вина и ракии со натпреварувачки карактер од интернационални и локални винарии како и посета на грнчарска и копаничарска работилница  и работилница за ракотворби во Неготино.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8