Вијести – Подгорица
Ако Грција по референдумот го напушти еврото и ја врати својата драхма, тоа воедно би значело и почеток на крајот на еврото какво што ги имаме денес.
Во Грција би дошло до колапс на нејзините банки, девалвација на нејзината валута, сиромаштија и хиперинфлација. Екстензијата моментно би ги потресла финансиските пазари во целиот свет, каде најдебелиот крај ќе го извлече Европската унија.
Меѓутоа, со време интензитетот значајно би ослабел. Со нужен отпис на најголемиот дел на долговите, Грција би имала многу подобра преговарачка позиција, бидејќи со многу поголема самостојност би станала поатрактивна за сите страни во глобалната политичка и економско пазарна трка, меѓу кои покрај земјите на ЕУ и САД, тука се и Кина и Русија, каде посебно би ги истакнал интересите на Евроазиската унија.
Грција би имала своја валута, која со добро управување би обезбедила конкурентност на стопанството и почеток на просперитет, т.е. на потенцијалните инвеститори би нудела многу поголемо враќање.
Што се однесува до ЕУ, таа прво би поминала низ голем финансиски потрес, би потрошила многу пари за да го спречи домино ефектот кај загрозените членки. Мора брзо да извлече поука, (бидејќи од економскиот и социјалниот потрес може брзо и да се урива) да донесе посебен план и програма за загрозените земји, а тој план значително би се разликувал од досегашниот, кој до сега, заедно со ММФ беше нуден на Грција.
За жал, во досегашната пракса ЕУ не покажа завидна брзина кога и да се работеше за многу важни прашања, така што мала е можноста дека и сето погоре наведено ќе го постигне во потребното време.
Кога се работи за судбината на еврото, нему не му се насмевнува светла иднина. Причини за тоа има многу, а меѓу најголемите е целосната нерамнотежа на исклучителните разлики во речиси сите сегменти, во фискалната сфера исто така, која од година во година покажува се поголем јаз меѓу богатите и сиромашните земји членки, каде покрај отвореноста на границите под изговор за слободен пазар, се повисоките дефицити кај едните се покажуваат во се поголеми суфицити кај другите, со иста вредност на базната валута.
Значи, се послабата конкурентност на едни производи се повеќе јакне кај другите. Притоа, за некои солидарности меѓу членките нема ни збор. За мир во куќата никој не сака да се откаже од дел од својот профит и да го проследи на тој на кого му е потребен. А тоа се вкупно неминовно ќе доведе до слом на единствената валута.
Се заедно, со евентуално напуштање на еврозоната од страна на Грција, како и идните тензии на релација САД-Русија, ќе донесе голема нестабилност во целиот свет, а посебно во ЕУ. Ќе биде многу тензично, како безбедносно и политички, така и економски, и тоа со многу неизвесен крај.
На крај, во сето ова, во текот на целиот глобален и пазарен процес, кога станува збор за еврозоната, можеби во најмала рака може да се очекува крај на еврото какво што го познаваме денес.