По „гарантирани цени“ ќе се пазари и за Нова година, акции ќе може да прават и производителите

Од:

Министерството за економија ја укина одлуката во делот на акциите на одредени производи и отсега и производителите и дистрибутерите ќе можат да прават акции и да ги намалат цените, а одлуката за „загарантирана цена“ ја продолжи до крајот на оваа година.

– Согласно сите анализи што економија ги имаше со Државниот пазарен инспекторат, одлучивме мерката за намалување на цените и ознаката загарантирана цена да важи до крајот на оваа година наместо до 30 ноември. Сите производи кои се влезени во одлуката за намалување мора да ги имаат највисоките цени од 1 август годинава намалени за 10% согласно одлуката на Влада – рече министерот Бектеши.

Министерот го повтори ставот на министерството и во однос на најавената такса која Бугарија ќе ја става на рускиот гас кој минува низ нејзините цевководи.

– Ние не ја оспоруваме таксата, туку количините што ги гарантирале за Газпром во однос на испораката за Македонија. Прво количините кои ги закупил Газпром немаат врска со оваа такса. Ние бараме да се ослободат количините. Тие треба да се консулрираат меѓусебе и да имаат единствен став. Во делот на оштетата ако не се ослободат капацитетите за гас, ние ќе ги направиме сите напори да се пожалиме до Европската комисија. Имаме само еден допис од страна на Булгаргас до ЕСМ да им кажеме каков гас користиме. Ние одговоривме дека користиме азербејџански гас и течен гас од САД. За нас не е спорна таксата, ние мислиме дека сме уценети со тоа што воведуваат такса за Газпром а воедно им даваат на Газпром да закупат количини до 2030 година – додаде тој.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за Крешник Бектеши и за 12 други лица во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“

Екс директорот на ДПИ-Горан Трајковски и Бектеши се сослушуваат во Обвинителството

Миланов: Бектеши e задржан во полициска станица поради натамошни проверки

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

A1on

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

A1on