Пластиката во целост ќе го менува металот во возилата

Од:

Благодарение на примената на нови материјали, автомобилските делови кои претходно беа  правени од челичен лим полека излегуваат од употреба. Така, на пример, предниот поврзувачки носач кај „Голф 7“ во целост е направен од пластика. Заради тоа овој дел, што својот лик им го должи на сложените пресметки и симулации, е еден од првите предни поврзувачки носачи без метално засилување.

Деловите од челичен лим, кои претходно беа користени, сега се елиминирани. Ова  значително ја намали тежината на предниот повразувачки модул, со што се штеди време за монтажа, а со самото тоа и на трошоците.

Замената на претходниот дел со нов, што целосно е од пластика, бара употреба на посебен вид полиамид – материјалот „Ултрамид BZWG8“, што го разви компанијата BASF.

Особено внимание во текот на конструкцијата им е посветена на сензорите во случај на судар, кои се наоѓаат во предниот дел на носачот. Тие се задолжени за отворање на воздушното перниче во правиот момент при директен судар. Заради таквите ситуации, пластичниот дел мора да исполнува одредена динамика на цврстина на утврдените места и мора да ги задоволи критериумите за издржливост во текот на сударот, кои ги одредува производителот на автомобилот.

Иако употребата на пластиката во автомобилската индустрија и натаму е далеку од тоа да можеме да кажеме дека го превзема приматот, земајќи ја во предвид брзината со која се развиваат новите материјали, сепак можеме да се запрашаме колку време ќе биде потребно металот да биде во целост „тргнат од возилата“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска