Планирано исклучување на Блок 3 во РЕК Битола

Од:

РЕК Битола во текот на вечерта ќе изврши планирано исклучување на Блок 3, информираат од АД „Електрани на Македонија“.

Причината за планираното исклучување, како што посочуваат во соопштението, е намалениот конзум на електрична енергија во овој период и добрата хидролошка состојба, која овозможува производство од хидроелектраните што дава можност овој период да се искористи за превентивна нега на блокот, отстранување на помали дефекти и за зајакнување на оперативноста и на расположливоста на блокот.

– Блок 3 ќе биде вратен во мрежа на почетокот на следната недела. РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 2, додека на Блок 1 се изведува капиталниот ремонт, стои во соопштението од АД ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски