Пивара Скопје доби А – Интегрирана еколошка дозвола

Од:

Пивара Скопје доби А – Интегрирана еколошка дозвола со која се потврдува дека компанијата во сите сегменти од своето работење применува највисоки стандарди за зачувување на животната средина.

Дозволата денеска ја врачија вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

Спроед вицепремиерот Пешевски, Пивара Скопје е водечка во Република Македонија не само во инвестициите и во техниките, туку и од аспект на грижата кон животната средина.

– Дозволата е потврда дека компанијата се движи во насока на водечките компании во државата и во полето на заштита на животната средина, рече Пешевски.

Доделувањето на А – Интегрирана еколошка дозвола, Адеми посочи дека е резултат на имплементираниот оперативен план на компанијата.

– Од аспект на животната средина, Пивара Скопје ја препознаваме како инсталација која континуирано вложува напори и финансиски средства во нејзино подобрување. Грижата за животната средина е многу повеќе од исполнување на законските одредби. Тоа треба да биде начин на секојдневно однесување, работење и одговорност на сите нас, истакна Адеми.

Ресорниот министер подвлече дека Пивара Скопје е единствена компанија во земјава, но и во регионот, која има изградено станица за био третман на води, инвестиција вредна над три милиони евра. Станицата, додаде тој, предонесува кон управување на екосистемот, но истовремено овозможува и ефективна заштеда на вода и енергија, што е основно барање на современите текови.

Заштитата на животната средина е интегриран дел од стратегијата на компанија и, како што истакна генералниот директор Јаак Микел, целосно е вградена во долгорочните планови за развој.

– Добивањето на оваа дозвола не прави горди и ги потврдува и докажува нашите напори. Инвестиравме многу во нашите технолошки процеси и во опремата и целосно сме усогласени со стандардите за заштита на животната средина на Кока кола, Хајнекен и со законските стандарди кои се предвидени со Законот за заштита на животната средина во Република Македонија, рече Микел.

Освен Пивара Скопје, А – Интегрирана еколошка дозвола досега имаат добиено Џонсон Мети, Фени, Цементара-Скопје, Југохром Јагуновце.

Би можело да ве интересира

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Петрушевски: Народот на минималец, а Слободан Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Филипче: Власта нема желба да ги покачи платите, затоа партиски го напаѓа Синдикатот