Петти состанок за прекуграничниот регион „Пчиња-Крајиште“

Од:

Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) денеска во Ранковце ќе го одржи Петтиот редовен состанок со заинтересирани страни за прекуграничниот регион „Пчиња-Крајиште”, која ја сочинуваат претставници од различни институции, организации, бизниси од Македонија, Бугарија и Србија.

Во фокус на состанокот ќе биде усвојувањето на основната анализа и стратешка рамка за економски развој на прекуграничниот регион, реализирани активности во регионот, како и идни повици за аплицирање.

Состанокот е организиран од Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во рамки на проектот финансиран од Европската унија „Потикнување на регионалната соработка и рамномерен територијален развој на земјите од Западен Балкан во процесот кон ЕУ интеграција”.

Во продолжение на состанокот СВГ организира и тридневна работилница за развивање на капацитети со наслов „Градење на капацитети – од визија до реализација“. Главна цел на работилницата е воспоставување и зајакнување на вредносните синџири и партнерства за одржлив рурален развој, како и за развој на идеи за можни заеднички активности за интегриран економски развој и развивање на проектни идеи во прекуграничниот регион „Пчиња-Крајиште”.

Би можело да ве интересира

Обезбедени 289 милиони денари за финансирање на 44 проекти во програмата за рамноправен регионален развој

Tри милиони евра за рамномерен регионален развој во 2017 година

Наум Локоски

Седница на Советот за рамномерен регионален развој

Ана Ололовска

Презентација на проектот „Алијанса за регионален развој“

Ана Ололовска

Балкански бренд за развој на руралниот туризам

Ана Ололовска

Конференција за развој на рурален туризам

Ана Ололовска