Петнаесет милиони евра за проекти и нови работни места во руралните средини

Од:

Со 15 милиони евра преку новата ИПАРД програма ќе се финансираат  туризмот, занаетчиството, алтернативното зејоделство, угостителството, во руралните средини, со што ќе се отворат нови работни места, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Во новата ИПАРД програма предвидено е и финансирање на фризерски салони, игротеки, градинки со цел подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, а ќе бидат кофинансирани 50 проценти од вложените средства.

За стекнување на правото за користење на овие средства, Ѓорѓиев појасни дека е потребно барање до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, со образложение за проектот, субјектот кој аплицира да нема долг кон државата, како и доказ за сопственост или за закупнина на земјиштето каде што ќе се реалзиира проектот.

– Оваа година е направен уште еден исчекор, претходно проектите што беа поддржани од државата преку кофинансирање беше од пет илјади до 200 илјади евра, годинава долниот праг е симнат на три илади евра, а горниот зголемен на 450 илјади евра. Исклучок се туристичките капацитети каде е дозволено финансирање проекти во износ до 750.000 евра, што го покажува посебниот акцент на можностите што се даваат во туристичката дејност, рече Ѓорѓиев.

Огласот треба да биде објавен следнава недела од страна на Агенцијата за финансирање на земјоделскиот и руралниот развој и ќе трае 45 дена.

За подетални информации од утре граѓаните може да се обратат во Агенцијата, каде ќе биде отворен бесплатен телефонски број  0800 12 12 1.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада