Грчките обвинители подигнаа обвиненија против пет менаџери на „ДеПуја“, филијала на американската компанија „Џонсон и Џонсон“ поради корупција за време на набавките за државните болници преку таа фирма.
Петте менаџери се обвинети за мито и перење на пари во рамките на договорот склучен во периодот од 1998 до 2006 година.
Имињата на менаџерите не се објавени. Тие се обвинети дека им платиле повеќе од 16 милиони евра на грчките лекари за да ги промовираат производите на „Џонсон и Џонсон“. Осум лекари од државните болници, воглавно ортопеди, веќе се формално обвинети за земање на мито и перење на пари во истиот случај.
МИА