Граѓаните не треба да се почувствуваат загрозени или загрижени за пензискиот систем. Тој е стабилен, а пензиите се исплаќаат навреме како и секогаш во изминатите 10 години. Така и ќе продолжи. Се разбира, секојпат може економистите да имаат различни погледи на работите, но она што е важно е што се случува реално на терен.
Ова го истакна денеска вицепремиерот Владимир Пешевски, одговорајќи на новинарски прашања по работилницата за Целите за одржлив развој на ОН, во врска со извештаите на ММФ и Светска банка.
– Македонија, особено во делот на државниот долг, спаѓа меѓу најниско задолжените земји во светот. Во ред се сите забелешки како една долгорочна визија дека човек треба да биде внимателен, но мислам дека не постои никаков простор за најмала загриженост, напомена Пешевски.