Пејпал наскоро во Македонија

Од:

Пејпл ќе дојде и во Македонија многу скоро, најави денеска заменик-министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

Според неа Македонија е мал пазар и постои можност да се покрие преку Србија која наскоро влегува во Пејпал системот за онлајн купување.

– Последниве две години сме во директни комуникации со Пејпл и се чека само момент. Континуирано е информацијата дека треба да донесат одлука за влегување во регионот. Имаме информации дека ќе влезат во Србија наскоро, изјави Арсовска-Томовска.

Србија како поголем пазар, додаде Томовска, е поинтересна за нив како инвеститори, затоа што инвестицијата во еден таков сложен систем кој треба да се грижи за безбедноста на трансакциите е многу висока. Претпоставувам дека понатаму, во најскора иднина ќе го пренесат практично системот и во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана