„Пејпал“ ќе дозволи плаќање со криптовалути

Од:

Најпознатата светска компанија за дигитално плаќање „Пејпал“ соопшти денеска дека на клиентите ќе им понуди услуга за купување, продавање и држење биткоин и други виртуелни пари што ќе можат да ги користат за плаќање во продавниците.

Услугата најпрво ќе биде достапна само за сопствениците на сметки во САД, кои ќе можат да купуваат, продаваат и држат криптовалути во своите паричници во „Пејпал“ веќе во наредните недели, а во првата половина на следната година компанијата има намера да ги понуди овие услуги на платформата за плаќање преку мобилната платформа Venmo и во некои земји.

„Пејпал“ веќе има добиено првична, условна лиценца од Одделот за финансиски услуги на државата Њујорк и во почетната фаза ќе дозволи само купување на биткоин, етереум, биткоин готовина и литекоин, се вели во соопштението.

Услугата ќе се обезбеди во соработка со Paxos Trust. Од почетокот на 2021 година, корисниците на PayPal исто така ќе можат да плаќаат со криптовалути на 26 милиони трговци во мрежата на PayPal, објави американската компанија.

Плаќањата во криптовалути преку „Пејпал“ ќе бидат порамнети во утврдени валути, како што се долари, што значи дека трговците нема да добиваат плаќања во виртуелни пари, нагласи компанијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови алармира МВР

Катерина Ѓуровски

Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари

Македонија и Црна Гора заеднички ќе аплицираат за воведување на системот „Пејпал“

Катерина Ѓуровски

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Кралот на криптовалутите кој е уапсен во Подгорица ја негираше вината: Понуди 400.000 евра да се брани од слобода

Најбараниот криминалец во светот се криел на Дедиње, неговиот сосед бил висок функционер во српското МВР

Ана Ололовска