Пчеларите од Кочани реагираат на увозот на мед од странство и негова продажба низ маркетите како „Македонски мед“. Ваквите количини на мед ги има и во маркетите по градовите од источна македонија, и тие бараат зајакнати инспекциски контроли и на етикетата да стои производителот, а не пакувачот на производот.
– Тој мед е сомнителен бидејки во него има нешто што не е мед. Истиот е увезен и ние како пчеларски здруженија реагираме да стои етикета дека е увезен од Кина или Молдавија а не да се продава како „Македонски мед“. Нашиот мед е со врвен квалитет за што зборува и добиениот сребрен медал во Франција за висок квалитет, истакнува во својата реакција Драган Колев, претседател на Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани.
Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани заедно со претседателот на Сојузот на пчелари на Македонија оствариле и средба со министерот за земјоделство на која што го покренале прашањето околу пласирањето на неквалитетен мед во маркетите под името македонски мед.
Колев додаде дека на средбата било одлучено да се интервенира на терен кај инспекциските органи да се врши позасилена контрола по маркетите и да се види каков мед се нуди на граѓаните.