Парното поевтинува за 0,19 отсто

Од:

За 0,19 отсто се намалува цената на парното греење што го обезбедува Балкан Енерџи Груп (БЕГ), а за 0,86 проценти парното на ЕЛЕМ енергетика. Надоместокот за греење од Скопје-Север останува ист како лани.

Како што соопшти денеска директорот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Димитар Петров, цената се намалува и за исклучените потрошувачи, за 0,75 отсто.

Во претстојната грејна сезона корисниците на БЕГ бесплатно ќе добијат плус еден час греење односно, наместо од 6 до 21 часот ќе имаат парно од 6 до 22 часот.

Новина е, додаде Петров, и тоа што за евентуално порано почнување на грејната сезона, репер ќе бидат прогнозите на УХМР, а не како досега реалното мерење на температурата два дена однапред.

– Парното ќе се вклучува пред грејна сезона ако просекот од прогнозите на УХМР покаже дека температурата ќе биде 12 степени, објасни директорот на РКЕ.

Според одлуката на Комисијата, за градинките, основните и средните училишта кои се под Балкан Енерџи Груп цената на парното ќе се намали за 14,45 отсто. Елем енергетика, пак, просечната цена ја намалува за 0,86 проценти со тоа што корисниците кои плаќаат по мерач добиваат намалување за 4 отсто, а за оние што плаќаат по метар квадратен цената се зголемува 1 процент.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови