Парнарџиева Змејкова и Спасов се повлекуваат на нивно барање, Иванов поради истек на мандат

Од:

Директорката на Фондот за здравствено осигурување и државниот секретар во Министерството за правда се повлекуваат од функцијата на нивно барање, а поради истек на мандатот сменет е и директорот на Управата за животна средина.

На последната седница Владата одлучи на местото на директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова да дојде Јован Грповски, а на позицијата државен секретар во Министерството за правда наместо досегашниот Диме Спасов го именува Илија Ристовски. За нов директор на Управата за животна средина е именуван Игор Трајковски кој доаѓа на местото на досегашниот директор Филип Иванов.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информираше дека Парнарџиева Змејковска и Диме Спасов се сменети на нивно лично барање, а Иванов поради истекување на мандатот.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами