Парафирана Спогодбата за воздушен сообраќај меѓу Македонија и Канада

Од:

Спогодбата за воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Канада е парафирана денеска на маргините на 38 Заседание на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) во Монтреал.

Спогодбата ја парафираа директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ)  Дејан Мојсоски во име на македонската Влада и Мартин Локен по овластување од Владата на Канада, соопшти АЦВ.

Со парафирањето, според АЦВ, практично се создаде правна рамка за промоција на меѓународен воздушен сообраќај со цел на патниците да им се овозможат поголеми можности и избор на услуги, како и да се обезбеди највисок степен на безбедност и обезбедување на воздушниот сообраќај од секаков вид закани.

– Парафирањето на спогодбата за отворено небо, исто така е и во насока на политиката на ИКАО, која ја промовираат двете земји, за глобална економска либерализација на меѓународниот воздушен транспорт и неговиот развој на конкурентска основа без никакви ограничувања за сообраќајните слободи, пристапот на пазарот, тарифите, фреквенциите и капацитетот, се вели во соопштението.

Мојсоски и Локен на средбата  потенцирале дека парафирањето на спогодбата ќе придонесе за интерконинентална поврзаност и солидна конекција преку воздушниот  сообраќај што би влијаело на унапредување на односите меѓу двете земји на економски, научен и културен план, позитивни ефекти за работата на авиопревозниците, поголеми можности за патниците, потенцијал заинвестиции и за развој на туризмот.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба