Паника во Русија поради пад на вредноста на рубљата

Од:

Руската рубља од почетокот на годинава ослабе за речиси 40 проценти, а деновиве падна на најниско ниво во однос на американскиот долар и еврото, што предизвика паника меѓу жителите на Русија, а пред се меѓу оние кои штедат во националната валута.

Викендов едно евро се менуваше за 59,3 рубљи, а еден американски долар за 47,8 рубљи.

Падот на вредноста на рубљата се очекува да резултира со раст на цените на увозните стоки, што предизвукува дополнителни стравувања кај Русите со пониски примања.

За да ги смири стравувањата на граѓаните, рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави дека рубљата наскоро ќе почне да зајакнува, но аналитичарите не го делат неговото мислење.

– Поради паниката кај граѓаните предизвикана од постојаниот пад на рубљата, ќе се зголеми бројот на оние кои ќе сакаат да купуваат долари или евра. Во некои банки дури и сега имаат проблеми со штедачите кои сакаат да подигнат повеќе од илјада долари, смета аналитичарот Алексеј Козлов.

Најновата анализа на руската Национала агенција за финасиски истражувања покажува дека половина до Русите сметаат дека западните санкции негативно ќе вилјаат на рускиот монетарен систем и дека тоа ќе доведе до криза во земјата.

– Централната банка на Русија се обидува да го спречли слабењето на рубљата во однос на доларот. Американската валута нскоро би можела да вреди и повеќе од 60 рубљи. Не смее да се дозволи да дојде до ваков курс, што би предизвикало уште поголема паника меѓу граѓаните, објаснува потпретседателот на Комитетот за економска политика на рускиот Советот на Федерацијата, Олег Јеренаев.

Претседатлот на Асоцијацијата на регионални банки, Анатолиј Аксаков смета дека рубљата ќе почне да зајакнува кога ќе фојде до зголемување на цената на нафтата на светските берзи.

Со тоа се согласува и раководителот на Економнската експертска група, Јевсеј Гурвич, кој смета дека реалниот курс на еден долар е околу 38 рубљи.

Само во текот на октомври, руската Централна банка потроши 10 милијарди долари за да ја одржи вредноста на рубљата, поради што девизните резерви на земјата се намалени за околу 60 милијарди долари и сега изнесуват околу 440 милијарди долари.

Од друга страна во последниве шест месеци Русија драстично ги зголемува своите златни резреви, па во рускиот трезор сега има 1.149 тони злато, со што земјата се проби на петото место во светот според висината на резеревите на злато.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски