Пандемијата ја кутна американската економија – рекорден квартален пад на БДП од 32.9 отсто

Од:

Бруто домашниот производ (БДП) на Соединетите Американски Држави во второто тримесечје од годинава се намалил за рекордни 32.9 проценти, што е најголем пад на економијата по Големата депресија (1929-1933), а како резултат на пандемијата на коронавирус што предизвика запирање на потрошувачката и бизнис активностите во земјата.

Како што соопшти Секретаријатот за трговија, најголем дел од овој пад е забележен во месец април, кога речиси сите бизнис активности во САД запреа, со затворањата на фабриките, компаниите, рестораните и кафе-баровите што започна во средината на март.

Белата куќа и Конгресот договорија нов пакет помош за економојата и нови исплати за помош на Американците. Се работи за пакет мерки од 3 трилиони долари за помош на компаниите за да исплатат плати на вработените и продолжување на исплатите од 600 долари неделно за милиони невработени Американци.

Пандемијата ги урна цените на нафтата, производството на нафта од шкрилци е сериозно намалено и отпуштања има и во оваа област. Според властите, прометот во рударскиот сектор во второто тримесечје бележи пад од 34.9 проценти додека градежните работи на станбени објекти се намалени за 38.7 отсто.

Пандемијата создаде пречки во глобаната трговија и го намали увозот и извозот од САД.

Економистите предупредуваат дека доколку Владата не го исплати и вториот пакет мерки и тоа бргу, и не преземе сериозни мерки за запирање на вирусот, американската економја може да се упати кон целосен колапс.

Претседателот Доналд Трамп, чија популарност се лизга надолу поради протестите против расизмот, неуспешното менаџирање на пандемијата и економската криза на три месеци пред изборите на 3 ноември, синоќа изјави „не се брзаме“ со реализација на мерките.

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина