Пандемијата драстично ги зголеми приходите на Гугл остварени од дигитално рекламирање

Од:

Компанијата Гугл информира за скок на приходите и профитот во четвртиот квартал на 2020 година благодарение на силниот раст на приходите од дигиталното рекламирање во време на пандемијата на коронавирус.

Компаниите во секторите за патувања и забава ги намалија трошоците за рекламирање во пандемијата во 2020 година, но тој пад беше скоро целосно неутрализиран со трошењето во малопродажба и други сектори кои повеќе го користеа Интернетот поради ограничувањата поврзани со Ковид-19.

„Алфабет“, фирмата- мајка на Гугл ги зголеми приходите во последните три месеци од минатата година за 23 проценти, на рекордни 56,9 милијарди долари. Нето-профитот скокна за 43 проценти, на 15,2 милијарди долари.

Рекламниот бизнис на Гугл, вклучувајќи го и Јутјуб, учествуваше со 81 процент во приходите на Алфабет во последните три месеци од 2020 година.

Гугл остварува повеќе приходи од рекламирање преку Интернет од која било друга компанија во светот, но Амазон станува се поголем ривал, а компаниите насочени кон Кина, како Алибаба, побрзо закрепнуваат кога е во прашање пандемијата.

Би можело да ве интересира

Google Street View повторно на улиците на Северна Македонија

A1on

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

Продажбата на реклами на Гугл му донесе на Алфабет рекордна заработка во третиот квартал

Ана Ололовска

Компанијата-мајка на Гугл има најдолг период на раст на вредноста на акциите од 2009 година

Ана Ололовска

Италија го казни Гугл со над 100 милиони евра

Ана Ололовска

Гугл инвестира милијарда долари во зделки со медиумски партнери

Ана Ололовска