Пад на извозот и пораст на увозот во првите два месеца од годинава

Од:

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари годинава изнесува 1.075.052.000 долари и бележи пад од еден отсто во однос на истиот период лани.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.416.730.000 долари, што е за 1,3 проценти повеќе во споредба со првите два месеца лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари годинава, изнесува 341.678.000 долари.

Според податоците на Државниот завод, покриеноста на увозот со извоз е 75,8 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и моторни возила за превоз на 10 или повеќе лица.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивни легури и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во првите два месеца од годинава најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Би можело да ве интересира

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија

Трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on