Пад на индексот на Берзата во Софија за речиси девет отсто

Од:

Од почетокот на годината основниот индекс на Бугарската стокова берза, СОФИКС се намалил за 8,69 проценти, јави БТА.

Само во последнава недела СОФИКС забележал пад од 2,21 проценти на 479,26 индексни поени. Во истите периоди пад забележале и сите останати индекси на Бугарската стокова берза.

Така, индексот БГ ТР30 се намалил за 2,52 отсто последнава недела, а за 4,64 проценти од почетокот на годината, БГРЕИТ опаднал за 1,08 отсто неделава и за 7,56 проценти од јануари, а БГ БКС40 забележал пад од 2,13 отсто минатата седмица и 8,30 проценти во изминативе пет месеци.

Од почетокот на годината на Берзата во Софија биле склучени зделки во вредност од речиси 200 милиони лева (102,3 милиони евра). За споредба, во истиот период лани обртот на Берзата бил 407 милиони лева (208,1 милиони евра).

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна