Пад на цената на нафтата

Од:

Цената на нафтата денеска забележа пад поради стравот од нов бран на Ковид-19 и заострување на мерките во поголем број земји, што би довело до намалена побарувачка за овој енергенс.

Цената на фјучерсот на американската ВТИ нафта се намали за 68 центи или за 1,7 отсто и се тргуваше за 40,33 долари за барел, додека нафтата Брент забележа пад од 72 центи или 1,7 проценти и барел се продаваше за 43,43 долари.

Цената на ВТИ и на Брент нафтата вчера пораснаа за 1,8 односно за 1,5 проценти поттикнати од економските активности во Азија, Европа и САД.

И покрај евентуалнито пад на побарувачката за нафта, Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници односно ОПЕК Плус, вклучително и Русија најавија дека овој месец ќе го зголемат производството за околу 1,5 милиони барели дневно.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски