Ова се најубавите аеродромски чекалници во светот

Од:

Приказната за иранскиот бегалец Мехран Карими Насери кој поради бизарни правни “заврзлами“ помина на чекалницата на парискиот аеродром Шарл де Гол речиси 18 години, беше инспирација за Стивен Спилберг да го направи филмот „Терминал“  во 2004-тата година, каде аеродромскиот “затвореник“ го глумеше Том Хенкс. Несреќниот човек, помина цело полнолетство во чекалниците на аеродромот во француската престолнина, а неговата aгонија започна кога во Лондон дошол од Париз. Но кога слетал сватил дека документите му се украдени. Бртинаските законодавци тогаш го враќаат назад во Париз, каде иако прво е уапсен, потоа е пуштен бидејќи во таа држава влегол сосема легално. Бидејќи не ги прекршил француските закони, не можел да биде исфрлен од аеродромот. Без државјанство и валидни документи, тој од 1988 до 2006-тата помина на аеродромот Шарл Де Гол, кога поради болест мораше да биде префрлен во болница, а од таму во париското прифатилиште каде е и денеска.

Колку би му ги олеснило 18-те години претсој на аеродромот доколку Насери седел во луксузна чекалница за патници од прва класа, кои се почесто на светските аеродроми добиваат се полуксузен лик?  Со вакво прашање хрватски новинари го започнуваат своето истражување за најдобрите и најубавите аеродромски чекалници во светот.

Доколку сега патници од првата класа се “заробени“ на аеродромот Шарл Де Гол , за разлика од несреќниот ирански бегалец, ќе се опуштааат на многу поудобно место – во луксузната чекалница Air France L’Espace Premierе, која се наоѓа на терминалот 2Е. Патниците од прва класа, кога ќе стигнат на аеродромот, се одделуваат на посебен дел за “чек – ин“. Потоа се селат во салон, во која сите декорации се совршено усогласени, се гази по плишан црвен тепих, се седи во големи кожни фотељи. Меѓу придобивките на оваа луксузна чекалница , се потполно опремен работен простор со бесплатен пристап до интернет, простор за опуштање со столици на клацкање, места за туширање, места за масажа, богато мени, вина и шампањско.

Покрај оваа на Шарл Де Гол ова се уште петте најубави чекалници од разни краеви на светот, во кои комотно, релаксирано и луксузно можете да го чекате вашиот следен лет.

 

1.Аеродром Шарл Де Гол  – Франција  (чекалница Басел – Мулхаус – Фреибург )

Оваа чекалница е прогласена за најдобра во 2012-тата година во анкета спроведена помеѓу членовите на приорити пас клубот. Името го добила по трите градови кои ги опслужува. Коплексот на простории има поглед на големата стаклена купола, која пак осветлува повеќе од 200-те места за седење и пространа угостителска зона. Во неа има и бизнис центар, огормни простории за освежување и туширање, но и бифеа со најдобрите специјалитети и пијалоци.

 

 

2. Аеродром Хитроу – Англија (чекалница Лондон – Велика Британија)

Чекалницата на Бритиш аервејс конкорд се наоѓа на петиот терминал на аеродромот Хитроу. Отворена е 2008-та година. располага со ресторан и бар, во кои од под до таван се изградени големи стаклени столбови. Од барот има целосен поглед на аеродромот, за како што низ хумор велат авторите на анкетата, гостите од тука би можеле да им се “наситат“ на оние помалку среќните од нив.  Однапред можат да се резервираат три приватни соби со тоалети, сето тоа со поглед на море. Вработените во чекалницата можат да ви резервираат од билети за театар до превоз со најлуксузни автомобили.

 

 

3. Аеродром Франкфурт ( чекалница Германија)

Чекалницата на Луфтханза прва класа во Франкфурт се наоѓа на првиот терминал. чекалницата е во објект сосема одвоен од другиот дел на аеродромот. на површина од 3500 метри квадратни. Оваа како што ја нарекуваат оаза на мирот има посебен луксузен дел за пушење, бар кој опслужува со 80 видови виски, простор за одморање со кожни софи и џакузија со масажа.  Патниците до аеродромот илуи од енго до саканата дестинација, ги носат возачи во лимузини на Мерцедес или Порше.

 

4. Аеродром Џон Ф.Кенеди (чекалница Њујорк – САД)

Чекалницата со која владее Американ Аирлајнс Флагшип се наоѓа на осмиот терминал, на површина од 2000 метри квадратни, во која меѓудругото има елитен бизнис центар и луксузно интернет кафе. Покрај конзумирање на јадења буквално од сите краеви од светот, богата винска мапа, салонот има и најмодерни ТВ екрани со избор на телевизиски канали од целиот свет.

 

 

5, Аеродром Дубаи (чекалница Катар)

Чекалницата на Катар ервејс, чини 90 милиони долари. Се простира на 10 илјади метри квадратни, овозможува деноноќна придружба на водичи кои ќе ве придружуваат во “шопинг“ во пространите “дјути-фри“ продавници, но и маникир, педикир, и богато мени со арапски специјалитети.

 

Би можело да ве интересира

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он