Отворен ден на фабриката „Кнауф“ во Дебар

Од:

Фабриката „Кнауф“, која е прва странска инвестиција во Дебар, денеска организираше Отворен ден за сите заинтересирани граѓани кои имаа можност да ги разгледаат производните погони и да се запознаат со начинот на работа.

Од раководството на фабриката беше посочено дека од приватизацијата на Комбинатот за гипс и гипсени префабрикати „Радика“ во 1997 година досега инвестирани се 46 милиони евра. – Се работи со најсовремена технологија, а вработени се 132 работника. Дебарската е една од 150-те фабрики на „Кнауф“ во светот во кои се вработени над 23 илјади работници. Наш прв приоритет е безбедноста на вработените, модернизацијата на технолошкиот процес и заштитата на животната средина и затоа секоја година инвестираме во таа насока, беше истакнато од страна на раководството на фабриката.

Во однос на животната средина беше посочено дека се е според светските стандарди што е потврдено и од соодветни инспекциски служби.

Отворениот ден, што е традиција во фабриките на „Кануф“, беше организиран за првпат во Дебар.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он

Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Џепчиште: Наставник истепал ученик во училиштето „Пенестија”

Горан Наумовски

Дебарчанец е уапсен под сомнение за семејно насилство