Откупот на тутун речиси завршен, просечната цена 195 денари

Од:

Откупот на тутунот е речиси завршен откако заклучно со вчера, 31 јануари, деветте откупувачи преземаа вкупно 20.146 тони тутун. Просечната цена е 195,25 денари по килограм.

Ова, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е за 100-тина тони повеќе од првичните проценки за реколтата 2016, според кои се очекуваше да бидат откупени околу 20.000 тони тутун.

Исплатата е реализирана со 88 отсто или досега се исплатени три 3,441 милијарда денари.

Краен рок за откуп на тутунот е 15 март 2017 година.

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше