Откупени повеќе од 17.500 тони тутун, просечната цена 193 денари

Од:

Вкупно 17.600 тони тутун или речиси 90 отсто од очекуваната реколта се преземени заклучно со 24 јануари, на половина од крајниот рок за откуп.

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), просечната откупна цена е 193,84 денари по килограм. Исплатата е реализирана 90 проценти, односно досега се исплатени 3,56 милијарди денари.

– Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 253 денари за килограм тутун, соопшти МЗШВ.

Во реколта 2016 се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун, а краен рок за откуп е 15 март 2017 година.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун